Едната ѝ го украде сопругот на другарката, а другата се бореше со пороци: Ѕвездите од Теленовела не се светици какви што беа во сериите

Мексиканските серии беа многу популарни во нашата земја, па нема човек што не гледал барем една теленовела

Во тие години, мексиканските теленовели беа една од главните забави, а семејствата многу често поминуваа време во чекање за нова епизода од една од популарните серии.

Тие се емитуваа со години и секогаш предизвикувале големо внимание, а едни од попознатите кај нас беа Руби, Есмералда, Злобница и многу други. Главните актерки беа претежно убавици кои за некои беа и идоли, а некои беа сосема различни во реалниот живот.

Мајте Перони отсекогаш добивала улоги на скромна и повлечена девојка која ја пронаоѓа љубовта на својот живот, но во исто време бројните пречки ја спречуваа да живее среќно. Меѓутоа, во реалноста, актерката се омажи за поранешниот сопруг на нејзината најдобра пријателка, а се претпоставува дека тој на прво место ја изневерил сопругата со Мајте.


Барбара Мори ги маѓепса сите како фаталната Руби. Иако глумеше негативна жена, многумина ја сакаа, а малкумина знаат дека во екот на нејзината популарност во 2007 година ѝ беше дијагностициран рак, со кој успешно се избори. Инаку, на 19 години роди син, а многу рано стана баба.


Габријела Спаниќ пораснала во Венецуела, но има југословенски корени, па тоа е уште една причина зошто локалната публика ја сакаше. Таа глумеше негативец во серијата, а познато е дека има сестра со која не зборува. Габриела им купи на мајка ѝ и брат ѝ вила во Мексико, од која подоцна ги избрка откако дозна дека контактираат со нејзината сестра.


Ерика Буенфил се прослави со улогата на популарната Марисол, а за малку ќе признаеше дека токму оваа серија ѝ помогнала да излезе од канџите на алкохолизмот по крајот на една љубов.


Летиција Калдерон засекогаш ќе остане препознатлива по серијата Есмералда, но во моментот на снимањето на серијата се бореше со зависноста од кокаин. Како што кажа и самата, била млада, имала многу пари и не знаела да се контролира. Од нарко пеколот излегла дури кога од предозирање животот го загубила нејзината најдобра пријателка, и ѝ починала на раце.


Анахи се прослави со улогата на Миа Колучи во тинејџерската серија „Rebelde“, а на 17 години се бореше со булимија и анорексија. Дури доживеала и клиничка смрт, нејзиното срце престанало да чука седум секунди, а потоа започнала кампања за подигање на свеста за анорексијата и булимијата.


Извор: glossy.espreso.co.rs