Актуелно // Insta вести
Елегантна и секси: Ракометарката Андреа Лекиќ во поинакво издание, дресот го замени со вечерна тоалета
- 13 Јануари, 2024
Српската ракометарка Андреа Лекиќ, која пет години го носеше дресот на македонскиот ракометен клуб Вардар објави фотогрфаии во малку поинакво издание од она во кое сме навикнати да ја гледаме.
Елегантна и секси, Андреа Лекиќ се појави на настанот „М4 спорт гала“ кој се одржа во Будимпешта.
Облечена во долг црн фустан со висок шлиц, голи рамена и високи потпетици, Андреа со останатите ракометарки позираше на оваа престижна манифестација организирана од Здружението на унгарски спортски новинари.
Лекиќ од 2022 година живее во Унгарија и е дел од унгарскиот женски ракометен клуб Ferencvárosi Torna Club.
Фото: Инстаграм