Елена Велевска се всели во нов дом: Ѕирнете каде ќе живее фолк пејачката

Пејачката Елена Велевска почнува ново животно поглавје.

Откако во 2020 откри дека официјално се разведува од сопругот Марјан, фолк пејачката како да започна нов живот.


По разводот остана да живее во родниот Прилеп, додека децата останаа во Охрид со нивниот татко.

Сега, пејачката објави дека се вселила во нов дом во Прилеп, објавувајќи низа фотографии на кои се гледа осветувањето.