Животна училница // Приказни
Емотивна фотографија од болница: Јане го прими лекот спинраза
Борбата на Јане и неговото семејството, резултираше со тоа тој и уште шест дечиња кои боледуваат од спинална мускулна атрофија (СМА) да го добијат лекот „спинраза“.
Министерство за здравство му го обезбеди лекот кој му е потребен на малиот Јане, а тој објави фотографија на својот Инстаграм профил од болница, под која напиша „Мисијата е завршена.“.
Јане Велковски, застапник за деца со попреченост од Македонија, минатата недела учествуваше во УНИЦЕФ на глобалниот самит во Обеднитети нации во Њујорк каде деца и млади побараа да се преземе акција за да се заштитат и промовираат правата на децата. Во рамките на Самитот, Јане се сретна со поранешната светска фудбалска ѕвезда Дејвид Бекам.