Еротски приказни: Изабела – мојата сосетка
Јас и Изабела се дружевме
и воедно си помагавме. Дојдени од различни места на живеење, со различни навики
на живот, станавме многу блиски. Студиравме на ист факултет, но различни насоки
и некои испити заедно си ги подготвувавме.
Се случуваше понекогаш заедно да придружуваме клиенти. Кога работевме заедно, двете се правевме дека не се познаваме и се случуваше многупати цела ноќ да си разговараме. Јас и бев благодарна бидејќи ако не беше таа, јас немаше да се охрабрам да заработувам пари и можеби ќе го прекинев факултетот, а со тоа ќе си ја уништев иднината, а себеси во иднина се гледав како дипломиран економист.
Имаше една заедничка нишка што лебдеше над нас и нѐ поврзуваше. Всушност, двете си го вадевме гневот и бесот од трпењето на немоќноста на нашите партнери. Како и да е, јас се помирив со фактот дека животот ми се движеше во таа насока. Тоа го имав прифатено и се обидував да направам што е најдобро во тој момент.
Во меѓувреме, доаѓаше Алек кај мене, Ото кај Изабела и кога ќе се совпаднеа во исто време, сите заедно излегувавме и се дружевме.
Имаше клиенти кои само викаа на друштво и потоа си одеа, меѓутоа имаше клиенти кои сакаа да водат љубов. Не прифаќавме секогаш, но тоа го наплаќаа добро. Ако не нѐ платат добро, беа свесни дека другпат нема да отидеме со нив ни на деловен состанок. Меѓутоа, како и во секоја непристојна професија, си имаше непристојни моменти.
Една ноќ еден клиент се напи и кога се враќавме накај дома, не сакаше да ме пушти да си одам. Додека се обидуваше да ме бакне, јас јавувајќи ѝ се на Изабела, ми го грабна мобилниот, ја отвори вратата од колата и ми го фрли на земја. Јас, како што беше отворена вратата, излегов наеднаш од колата, ни самата не знам како, и се стркалав на земја. Осетив болка во рамото. Мобилниот беше до мене и за чудо работеше. Клиентот набрзина избега со колата.
Беше ноќ и темно, не се гледаше ништо, не знаев точно каде сум, но Изабела загрижена дека можеби ми се случило нешто, со такси се движела по патот за накај станот и сосема случајно ме пронајде. Ме однесе директно в болница, а мојот пад го пријави в полиција. Во болницата ми ја стави ја раката во лонгета. Беа скршена надлактицата и рамото.
Клиентот утредента дојде и се извини, искрено му беше жал и се каеше, но си кажа дека кога пие алкохол, станува раздразлив и агресивен. Ги подмири трошоците и потоа се спријателивме затоа што ни беше благодарен што не го тужев, а и неговото семејство не дозна за оваа непријатност.
Имав многу клиенти, меѓутоа најчудно ми беше кога ќе ме повикаше Давид. Всушност, секој човек е енигма за себе. На изглед сите сме слични, но во карактерот, навиките и обичаите се разликуваме. Вечерта кога ќе одеше на деловен разговор, секогаш ме повикуваше мене и уште една девојка.
По деловниот разговор одевме сите заедно во хотелска соба. Девојката беше поситна од мене, а беше симпатична и похрабро облечена. Високи потпетици со црни чорапи, кратко здолниште и црна чипкаста проѕирна блуза со длабоко деколте.
Давид имаше ист ритуал кој го применуваше секогаш. Ставаше маска на лицето, а и за нас носеше маски и нам нѐ тераше да ги ставиме. Пушташе музика, некое танго и почнуваше да игра со неа во некој енергичен и предизвикувачки ритам. По извесно време, почнуваше да ја бакнува во уста и ѝ ја кинеше кошулата.
Јас за тоа време само гледав. Ми беше интересно, се прашував како не му се здосади секогаш истиот ритуал. Ѝ ги допираше градите една по една и ѝ ги бакнуваше. Потоа, кружеше со прстите и ѝ го допираше целото тело и ѝ ги галеше нозете и ѝ ги кинеше чорапите. Кога ќе ѝ ги искинеше, чорапите брутално ја оттурнуваше девојката од него. Понатаму, тој доаѓаше кај мене и ме допираше по телото со врвовите од прстите кои беа врели и влажни. Ќе ми ја фрлеше маската и ме приближуваше кон него. Јас почнував да го бакнувам в лице и почнував да му ги соблекував панталоните. Кога ќе му ги соблечев до пола панталоните, му ги спуштав боксерките и му го лапав цел неговиот млитав „орган“. Му го бакнував и му ги лижев пополека, нежно и долго време. По некое време, почнуваше да му расте „органот“ додека не набрекнеше. Е тогаш беше динамичен и чуден. Тогаш, набрзина ќе се облечевме, а девојката викаше такси за мене и за неа и си одевме дома. Кога ќе си дојдев дома ѝ раскажував на Изабела за ова до детали. Се смеевме поради чудните хирови на луѓето.
Дали оваа ситуација го пали, па трча дома со жена му да води љубов или тоа го прави само за да се самозадоволува сам – тоа ни беше голема енигма. Се би дале за да го дознаеме остатокот од приказната. Дури некогаш и сами ја завршувавме приказната на некој наш фантастичен начин.
Оваа ситуација траеше извесно време. По некое време, тој едноставно исчезна. Се прашував каде е. Едно попладне седевме во кафетерија колеги од факултет и помина девојката со која тројцата сите заедно водевме љубов. Потрчав по неа и ја запрев за да ја прашам што прави.
Таа подзапре и со солзи во очите ми рече дека Давид имал несреќен случај и дека останал неподвижен. Исто така, ми дофрли дека ѝ бил љубовник долго време, меѓутоа почнала да му се губи потенцијата и сѐ пробувал за да му се врати. Пиел и лекови за депресија, но ете што се случило. Девојката се оддалечи од мене и замина без поздрав. Енигмата остана засекогаш енигма.
СОСЕТКИ
Еротски приказни: ДЕВОЈКА ЗА ДРУЖЕЊЕ
Еротски приказни: ПОБЕДА НА ЉУБОВТА
Еротски приказни: МИРОТ Е СВЕТА РАБОТА
Еротски приказни: ПРЕСТОЈ В БАЊА
Еротски приказни: НА БАЊА В ПЛАНИНА
Еротски приказни: ПРЕКРАСНО ПАТУВАЊЕ