Фатални дами кои го освоија Кан: Италијанката им го одзеде здивот на присутните, додека Индијката го украде шоуто (ФОТО)
Вчера свечено
беше отворен 76-от Кански
фестивал со премиера на францускиот филм „Jeanne du Barry“, а истиот ќе трае до 27-ми мај. Оваа
престижна манифестација традиционално
како и секоја година ги собира
најголемите европски и светски ѕвезди
од светот на музиката и модата.
И оваа година, едни од најубавите жени во светот прошетаа на црвениот килим во Кан во гламурозни, луксузни и интересни креации, а истото ќе се случува и следните денови, поточно до крајот на фестивалот.
Иако, овој настан ја преферира врвната елеганција, дамите секогаш наоѓаат начин да ја истакнат својата сексипилност и да ја заинтригираат публиката.
Вчеравечер особено се истакнаа италијанската мисица Паола Турани, индиска инфлуенсерка и манекенка Фархана Боди која за разлика од Паола играше на картата на раскош. Кетрин Зита Џонс, Еша Гупта исто така измамија воздишки како и секогаш.
Погледнете дел од вечерашните изданија најдобри изданија според модните критичари!
Фото:Profimedia