„ФИКСНО СИ Е ФИКСНО“ – СТАНБЕН И ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ НА ШПАРКАСЕ БАНКА СО ФИКСНА КАМАТНА СТАПКА

Шпаркасе Банка АД Скопје посветено работејќи на визијата да биде прв избор на клиентите и водечка банка по квалитет на услугa, стартува со нови атрактивни понуди за сите клиенти,со најповолни услови.

Со оваа понуда, Шпаркасе Банка нуди Станбен кредит со фиксна каматна стапка од 3,8% за првитедесет години, можност за вклучување полиса за животно осигурување, на максимален износ до 400,000 ЕВРА, како и Потрошувачки кредит со фиксна каматна стапка од 5,8% за целиот период на отплата којшто трае 95 месеци, на максимален износ до 1.500.000 денари со вклучено кредитно животно осигурување.

Во време на зголемена несигурност и растечки тренд на каматните стапки, Банката, со воведувањето на понудата за фиксна каматна стапка на 10 години за станбен кредит – „Фиксирај го домот“ и  фиксна каматна стапка за целиот период на отплата за потрошувачки кредит - „Фиксно си е фиксно“, има за цел да им понуди на клиентите прецизно планирање на личните финансии и на месечните трошоци, преку обезбедување фиксна рата за нивниот кредит.

Шпаркасе Банка продолжува да работи во интерес на финансиското здравје на своите клиенти, верувајќи во подобра иднина и настојувајќи секогаш да излезе во пресрет на нивнитежелби и потреби во актуелното динамично опкружување.

Шпаркасе Банка е членка на групацијата Ерсте и Штаермаркише Шпаркасе, која е една од водечките групации во областа на финансиски услуги во Средна и Источна Европа, а за нејзината стабилност и традиција зборува фактот за непрекинато работење од близу 200 години. Групацијата опслужува повеќе од 17 милиони клиенти преку 3.200 експозитури. Во Македонија, групацијата е застапена со Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг и опслужува повеќе од 120.000 клиенти во 35 експозитури.

пр објава