(ФОТО) Цеца во фустан, Вељко во знакот на Аркан: Бебето и мајката излегоа од болница

Цеца Ражнатовиќ стигна по внукот Жељко и снаата Богдана, кои денеска излегоа од приватната болница во која младата мајка се породи.

Цеца носеше тесен фустан во крем боја искомбиниран со црни патики, лежерна комбинација совршена за ова променливо време.

По бебето пристигна и таткото Вељко, а бебето го извади во розова носилка која на врвот имаше глава од тигар, заштитен знак на неговиот покоен татко Жељко Ражнатовиќ Аркан.

Богдана од болница излезе во бели панталони, патики, додека горе имаше шарена туника.

На денот на раѓањето имаше голема прослава, а баба Цеца беше најсреќна што го доби првиот внук.

Фото: Телеграф.рс