Актерката Гвинет Палтроу организираше интересна забава во Холивуд со уште поинтересен протокол - сите жени да се појават без шминка.
На настанот се појави и нејзината колешка Деми Мур која успеа да го украде вниманието на останатите гости.
Ѕвездата од хит-филмовите „Дух“ и „Непристојна понуда“ покажа дека на 57 години изгледа совршено и без грам шминка.
„Убавината е многу повеќе од тоа што го гледате“ напиша таа под фотографијата од шоуто којашто ја сподели на „Инстаграм“. На истата позира со домаќинката Палтроу и со Александра Грант, девојката на Кијану Ривс.