(ФОТО) Го обожававме во „Касандра“, денес изгледа подобро од било кога

Актерот Освалдо Риос во шесттата деценија од животот изгледа одлично. Според многумина дури и подобро од 90-те години на минатиот век кога секоја вечер го гледавме на ТВ-екраните. Евидентно е дека латинозаводникот се’ уште внимава на својот изглед и редовно оди во теретана.

Пред повеќе од две децении, македонската публика имаше можност да го запознае во сапуницата „Касандра“ во која ја играше главната улога покрај Кораима Торес. Маркантниот Порториканец го имаше потешкиот дел - глумеше дури два лика, близнаците Игнасио Контрерас и Луис Давид Контрерас.

Со својата појава ги освои срцата на многу жени. На социјалните мрежи може да се прочитаат бројни позитивни коментари за неговиот изглед. Освалдо и денес повремено позира во провокативни изданија. 

Своевремено се забавуваше и со поп-ѕвездата Шакира, а неколку медиуми дури напишаа дека љубовта згаснала поради неговите чести љубоморни испади.