(ФОТО) Гоца Тржан најде решение за сите проблеми

Пејачката Гоца Тржан вели дека има решение за сите нејзини проблеми. На својот Инстаграм профил, таа објави фотографија со црвено капче и кармин со иста боја.

„Понекогаш црвениот кармин е најдобро решение за сите проблеми“, напиша српската пејачка.  

Пред извесно време, таа го тужеше поранешниот сопруг Иван Маринковиќ кој не сакал да ја плаќа алиментацијата за ќерката. По тужбата, откако му се заканувала затворска казна тој го подмирил долгот од околу 900 евра. 

Ќерката на Тржан, Лена има 12 години.