(ФОТО) Грета Тунберг е личност на годината

Познатиот американски магазин „Time“ ја прогласи тинејџерката и активстка Грета Тунберг за личност на годината.

Младата Швеѓанка има само 16 години, а стана вирално позната по својата борба против климатските промени и заштита на животната средина 

Тинејџерката со карактеристични две плетенки има Аспергеров синдром, зборува тивко и живее со нејзините идеали. Таа е непоколеблива во нејзината посветеност на каузата, одржувајќи неделно штрајк пред шведскиот парламент. Таа вели дека нема да запре се додека Шведска е во согласност со Договорот од Париз, договор кој има за цел да се ограничи на глобалната температура, која се зголеми во овој век до 1,5 степени Целзиусови.

„Грета Тунберг – моќта на младоста“ пишува на насловната страница на магазинот.