(ФОТО) Имаат над 50 години, а немаат пластични операции: Холивудски дами кои не стареат

Денес не е толку тешко да се изгледа младолико, а посебно ако сте богати и познати, па вашата банкарска сметка е неисцрпена. 

Пластичните операции и третмани за подмладување на се новитет, а се бројат на прсти славните ѕвезди кои решија да не им се покорат.

ЏЕЈ ЛО како да не старее. 

Слободно може да кажеме дека годините ги носи гордо.

Дајан Китон: Таа верува дека едноставно нема лек за стареење и дека ниту една операција или постапка нема да ги сокрие годините. „Мое мислење е дека твоите раце те издаваат, секој има раце што кажуваат многу за твојот живот и минатото. Значи, ако твоите раце не го следат твоето лице со години, тоа ќе изгледа крајно чудно. Моите раце покажуваат колку години имам и низ што сум поминала “.

Џулијан Мур: Мразам да им судам на луѓето, но едноставно мислам дека тоа не носи никому добро. Кога ќе погледнете некој што променил нешто на лицето со пластична хирургија, тоа не изгледа убаво, туку едноставно многу, многу чудно и неприродно“, објаснува актерката.

Хали Бери: Иако изгледа беспрекорно и никој не би помислил дека зачекорила во 5-та деценија, волшебната Хали Бери истакнува дека таа е жесток противник на пластичната хирургија. 

„Стареењето е природна работа што ќе ни се случи на сите нас. Затоа секогаш сакам да изгледам како јас, дури и ако е постара верзија од мене. Мислам дека ако направите премногу козметички процедури врз себе, ќе станете потполно различна личност. Старееш со гордост, а не со комплекси“.


Салма Хајек: Таа исто така истакнува дека е приврзаник на достоинствено стареење. „Мислам дека е страшно ова што се случува денес. Овие млади девојки во раните или доцните 20-ти години претрпуваат разни корекции и им вбризгуваат сè во лицето. Нивниот став е, ако ги убијат сите мускули сега, дека никогаш нема да се борат, така што третманите треба да започнат на време.

Џулија Робертс: Пет пати прогласувана за најубава жена на светот, актерката припаѓа на многу мала група холивудски актерки кои не се приврзаници на естетската хирургија. „Сакам моите деца да видат кога сум среќна, кога сум лута и кога сум збунета. Сите овие изрази на лицето никогаш не би ги постигнале оние кои постојано се подложени на ботокс.

Кејт Винслет: Ѕвездата на „Титаник“ не крие дека никогаш не направила никакви корекции на лицето и истакнува дека тоа е во спротивност со нејзините морални убедувања. „Тоа е во спротивност со мојот морал и начинот на кој ме воспитуваа родителите. Не го гледам тоа како идеал за убавина и никогаш нема да се предадам“.


Naslovno foto: profimedia