(ФОТО) Исаура од „Преспав“ во топлес издание со моќна порака

Акетрката Емра Куртишова позната како Исаура од серијата „Преспав“ објави фотографија која привлече големо внимание на социјалните мрежи.

Имено станува збор за фотографија која има своја цел и порака. Емра лежи топлес на кауч, и со раката ја држи едната дојка, а со описот посочува дека секоја една дама редовно треба да прави самопрегледи за рак на дојка.

- Октомври, месец на борба против рак на дојка- стои во описот.

„Блиску до себе. Чекор три... Прегледајте ги градите додека лежите, користејќи ја десната рака за проверка на левата града и обратно! Правете кружни движења со дијаметар од околу два центиметри“, стои на самата фотографија, и се објаснува самопрегледот на дојките.