Пејачката и влогерка Ивона Јовановиќ денес прослави роденден. Ивона, која на својот Инстаграм профил секогаш искрено споделува моменти од приватниот живот, си посака роденденска желба.
„ Секоја година имам желба за свеќички и торта. Мислам дека таа традиција за роденден ме враќа во детството. Кога требаше да замислам желба замислував да ја добијам најубавата играчка. Кога ќе ја споредам желбата од детството и сега. Некако ме плаши таа огромна разлика. Таа сериозност. Најбитно ми е да имам среќа и да сум опкружена со здравје и љубов од моите најблиски. Се гледаме на врвот дечки!“