(ФОТО) Ќерката на Љупка Гугучевска полни 1 година: Иста како мама

На Бадник минатата година, портпаролката на Државната изборна комисија, Љупка Гугучевска стана мајка на ќерката Ана Марија.

Годинава по повод нејзиниот роденден, таа сподели фотографија со ќерка си, на која покажа колку си наликуваат една на друга, но се уште вешто го крие сопругот.

- Лани на Бадник ни пристигна нашето коледарче Ана Марија. Среќно биди мило, светлината на овој празник секогаш нека ти го осветлува патот, а неговата топлина нека ми ти го грее срцето. Те сакаме засекогаш - напиша Гугучевска за фотографијата.