(ФОТО) Портпаролката на ДИК се омажи: Остануваат верата, надежта и љубовта
Портпаролката на Државната изборна комисија, Љупка Гугучевска викендов стапи во брак со својот партнер, кој го крие далеку од очите на јавноста.
Имено, таа објави фотографија под која напиша : Обраќајте ми се со Госпоѓа, а не госпоѓица. Под фотографијата следуваа многу честитки.
Љупка која е препознатлива по својата коса во портокалова боја, за оваа пригода избра припиен сатенски фустан.
- Некогаш си ветувам дека од утре ќе си олеснам со тоа што барем ќе носам рамни чевли, но скоро никогаш не си стојам на зборот. Веќе имам изграден стил во кој тешко ги изоставам потпетиците, црвениот кармин, очилата и насмевката- откри таа претходно за Женски Магазин.
Денеска пак на празникот на вертата, надежта и љубовта, портпаролката го слави својот именден, па на својот профил на Фејсбук порача:
„А сега, остануваат овие три работи: верата, надежта и љубовта; најголема меѓу нив е љубовта“ (1 Кор. 13:13). “
Честитки!