(ФОТО) Манекенката пресреќна: Симона Станковска стана мајка

Добивај вести на Viber

Симона Станковска вчера за првпат се оствари во улогата на родител. Поранешната водителка на естрадниот магазин „Бекстејџ“ и манекенка со неколку интернационални титули за убавина, среќната вест за раѓањето син на сподели на својот профил на Инстаграм, каде ѝ пристигнаа многу честитки од пријателите.

Станковска веќе подолго време живее на релација Скопје-Белград со партнерот кој е спортист и за кого никогаш не зборувала во јавноста.