(ФОТО) На Козјак немаше каде игла да се фрли, цело Скопје побрза да го види новиот ресторан
![](/media/main/2020/11/20201115180906.jpg)
Вчерашното официјално отварање на ресторанот „Аурора“ на Козјак направи гужва на популарното излетничко место од кое се гледа езерото Козјак. Метеж од народ и од автомобили кои кружеа наоколу барајќи паркинг, е сликата која ја видовме денес на Козјак. Откако ресторанот вчера на својот Фејсбук профил објави дека официјално е отворен, цело Скопје побрза накај Козјак, да ужива во глетката на езерото, да дише чист воздух, но и да го види новиот ресторан кој почна да се гради минатата година.
Во ресторанот се влегува само со резервации, а веќе на пладне, немаше ниту една маса на сончевата тераса од која се пружа поглед кон езерото. Сите места беа претходно резервирани за ручек, а на оние беа дојдени само за пијалок, персоналот на ресторанот им препорача следниот пат да резервираат на време или да почекаат неколку часа да се ослободат места. Беа полни и излетничките места, иако повеќето од автомобилите ги беа зафатиле, паркирани меѓу дрвата околу.
(М.Џ.)
![](/media/gallery/2020/11/202011151807291246311290.jpg)
![](/media/gallery/2020/11/202011151807301554808059.jpg)
![](/media/gallery/2020/11/20201115180731456855041.jpg)
![](/media/gallery/2020/11/202011151807361491083915.jpg)
![](/media/gallery/2020/11/202011151807371223504475.jpg)
![](/media/gallery/2020/11/202011151807371377933891.jpg)
![](/media/gallery/2020/11/202011151807391586532357.jpg)
![](/media/gallery/2020/11/2020111518074181011373.jpg)
![](/media/gallery/2020/11/20201115180741103206203.jpg)