(ФОТО) Нашата љубов беше филмска: Проговори поранешниот дечко на Меланија Трамп

Добивај вести на Viber

Првата дама на САД е зафатена веќе 13 години. Со оглед на тоа дека веќе е долго во брак, тешко е да се замисли со друг маж освен со претседателот Доналд Трамп. Но, пред да се омажи за него, таа имала друга љубов, Јуре Зоричиќ кој себе си се нарекувал словенечкиот Џејмс Дин.

Меланија и Зоричиќ биле во врска уште додека првата дама живеела во Словенија, поточно, седум години пред да го запознае Доналд. 

„Беше како на филм, нашата љубов беше филмска. Беше топол, летен ден во 1991 година. Тоа беше ново утро за политичката ситуација во нашата земја која беше во војна. Градот беше прзен и блокиран од страна на војската. Возев мотор, на улица забележав девојка и се запрашав: која е оваа? Многу ми се допадна и почнав да ја следам“, рекол Јуричиќ за словенечката „АБЦ“ телевизија. 

Јуре Зоричиќ 

Зоричиќ и Меланија биле во врска неколку години, а потоа кон средината на деведесетите, таа одлучила да ја напушти Словенија и да ја побара својата професионална среќа во модните центри во Италија, Франција, и на крајот Америка. 

Меланија и Трамп се запознаа на модната недела вo Њујорк кога таа имала 28 години. Иако Трамп тогаш беше во брак со актерката Марла Мејпл, а пред тоа со Иванка Трамп, тоа не го спречи да ја покани атрактвивната манекенка на состанок.