(ФОТО) Некогаш модели сега посветени мајки: Емотивен собир на македонските убавици

Некогаш беа успешни манекенки, а сега се посветени мајки. Манекенката и некогашна водителка на емисијата „Мојата свадба“ Билјана Ѓоргиовска-Анѓушев која неколку години живее во Њујорк, сега е на одмор во Скопје. 

„Еее, си бевме еднаш манекенки (види став со нога), а сега позираме со бебињата во раце. Порано се договаравме за излегување во 10 навечер, сега во 10 наутро. Многу љубов и убавина на една слика. Ни фалат уште Радица Лелова и Ѓорѓи“, напиша Билјана под фотографијата на која е со синот Максим.

Со неа се нејзините блиски пријателки, сите некогашни модели: Рената Томиќ со ќерката Ника, Маја Лазаревска со со ќерката Каја и Кристина Антиќ со синот Иван. Маја Лазаревска сега живее во Мелбурн и работи како сметководител, а Рената Томиќ е во Сојузот на спортови на Град Скопје.

„Убаво е повторно да си дома. Во Њујорк работам 24/7, 365 дена без боледување и без плата. Професијата се вика мајка и е најубавата работа до сега на светот“, ни изјави Билјана која пред да замине во САД со сопругот Кире кој е програмер, имаше свое модно атеље. 

Синот на Билјана, Максим има 17 месеци, а постарата ќерка Ева наполни четири години. (М.Џ.)