(ФОТО) Нина Бадриќ воодушеви во новиот изглед: Ја споредија со Моника Белучи

Ретко сме имале можност да ја видиме хрватската пејачка во вакво издание, а на нејзините следбеници навистина им се допадна оваа промена

Хрватската поп-пејачка Нина Бадриќ го освежи својот профил на Инстаграм со нова фотографија која предизвика лавина од позитивни коментари, но и споредба со познатата актерка Моника Белучи.

Имено, Нина објави нова црно-бела фотографија на која позира во необична комбинација на облека, што навистина им се допадна на нејзините следбеници. Црни панталони со бели букви, црна маица и бели потпетици е она што ѝ требаше на Бадриќ за да ги остави сите без зборови, а оваа фотографија имаше и интересен опис.

- Ако молчиш, замолчи од љубов. Ако зборуваш, зборувај од љубов. Ако простиш, прости од љубов. Ако предупредуваш, предупредувај од љубов - напиша Нина на Инстаграм.


Фановите се воодушевени од нејзиниот стајлинг, а многумина ја споредуваат со италијанската актерка Моника Белучи, која ја носи титулата за една од најубавите жени на светот, иако е во шестата деценија од животот.

„Моника Белучи, дали си тоа ти?“ - беше коментарот што собра најмногу лајкови.


*(ФОТО) Македонската Моника Белучи: Надица Георгиева е безвременска убавица