(ФОТО) Пендаровски на гости кај својата прва учителка

Македонскиот претседател Стево Пендаровски оствари емотивна средба со неговата прва учителка Борка Палифровска. На својот официјален фејсбук-профил напиша дека се потсетиле на првите лекции и ученици. 

- Борка (83) се сеќава на сите нас, по име и по презиме. Уште поголемо изненадување за мене беа црно - белите фотографии коишто ги чува за спомен, стари повеќе од 40 години. Ми раскажа дека веќе 25 години е во пензија, а времето го поминува покрај со читање и со своите деца и внуци. Борка е доказ дека првите учетелки ги памтиме доживотно. Покрај преубавите спомени, ме испрати и со малку грозје од нејзиниот двор. И посакувам долг век и пак да се видиме за некоја година да поразговараме - напиша Пендаровски.

Фото: Фејсбук-профил на Стево Пендаровски