(ФОТО) Пет работи кои ги имаше секој југословенски дом: Будат носталгија

Секое време си носи нешто свое со себе, па дури и кога станува збор за предметите кои ги чуваме во домот како најголем спомен.

Кога станува збор за уредување на ентериерот и за предметите во домаќинството, од времето на Југославија, скоро се се променило, но едно е сигурно, ниту една куќа не можеше да се замисли без овие пет работи.

1. Прочуениот зелен креденец

Беше сместен во највидното место во кујната или дневната соба и во неговиот стаклен дел се изложуваа најубавите садови кои ретко се користеа. Сите домаќинки беа луди по овој тренд и мораа да го имаат во својот дом.

2. Сет за јадење кој беше забранет да се користи

Секој дом имаше барем по еден сервис со шолји, чаши и чинии кои се чува, Бог знае за што. Обично остануваа недопредни, бидејќи секогаш се чуваа за некоја специјална пригода, која никогаш не беше доволно специјална.

3. Бокал


Некогаш беше потполно незамисливо да се послужи сок или млеко од тетрапак. На масата секогаш имаше бокал, обично со ист дезен како и сервисот чаши.


4. Теписи со карактеристичен дезен

Дневната доба никако не можеше да се замисли без тепих од крај до крај, во црвена или зелена боја, со дезен кој сега ни буди носталгија.

5. Кристална вазна

Вазните кои секогаш изгледаа како да се направени од кристал беа најпосакуваниот подарок.