(ФОТО) Претседателот Пендаровски и сопругата ја украсија новогодишната елка во супер друштво

Претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета, денеска ја украсија новогодишната елка во Канцеларијата на Претседателот, или сега познато како Млади Хаб. Во супер друштвото на децата и младите од „Трисомија 21“, двојката ја започна новогодишната еуфорија.

- Василиј, Тихон, Наума, Христо, Марио, Матеј, Стефан, Ана-Марија, Дарко, Јована, Елена, Цако, Илина, Ники, Игор, Ива и Денис со мене и сопругата Бети ја украсија новогодишната елка во #МладиХаб - Канцеларија на претседател. Заедно со Кристијан се обидовме да им ја доловиме магијата на претстојните празници на децата и младите од "Трисомија 21". Празниците може да почнат- напиша претседателот под фотографиите на социјалните мрежи.