Животна училница // Приказни
(ФОТО) Пријовиќ со специјален подарок за девојката на Андрија Милошевиќ
Српската актерка Александра Томиќ сношти го прослави роденденот со својот дечко, познатиот актер Андрија Милошевиќ. Место роденденска песна, гостите на Александра ѝ пееле песни за „Црвена ѕвезда“.
Забавата била во еден белградски ресторан, а меѓу гостите била и пејачката Александра Пријовиќ, сопругата на Филип Живојиновиќ, снаата на Боба Живојиновиќ и на Лепа Брена.
Иако во јавноста не било познато дека двете Александри се дружат, тие одлично си поминале на забавата и запеале заедничка песна. Убавата атмосфера траела до доцна во ноќта, а највесела, покрај Андрија Милошевиќ била токму Александра Пријовиќ која испеала неколку песни за славеничката. Тоа бил нејзиниот специјален подарок за пријателката.
Фото: Блиц.рс