(ФОТО) Ѝ се вратив на старата љубов: Кристина, поранешната на Кајмакоски на избор за Мис во Црна Гора

Кристина Димитријевска, поранешната сопруга на поп-пејачот Даниел Кајмакоски, ѝ се враќа на старата љубов, манекенството. 

Таа ќе ја претставува Македонија на финалето на Miss GLOBE 2019.

" Ѝ се враќам на старата љубов. Тоа е манекенството и многу ми е драго што сум повторно дел од овој свет. Подготовките во Црна Гора течат одлично. Во моментов имаме финална проба со девојките, организацијата е на одлично ниво", изјави Кристина за Женски магазин од Улцињ. 

Вечер во Улцињ, Црна Гора, 47-ма година по ред ќе се одржи финалето на изборот за Miss GLOBE 2019. 

- Нашата држава ја претставува 23- годишната Кристина Димитријевска од Тетово, членка на Модното Студио Црнокрак, кое ја има лиценцата за Македонија за овој голем интернационален избор за убавина. Таа веќе 3 недели е во Црна Гора, каде заедно со уште 50 девојки од исто толку држави од целиот свет се подготвува за вечерашното финале. Да ѝ посакаме среќа вечер од 20:15 часот, директен пренос ќе има на МРТ 2. Нашата држава има уште еден претставник на вечерашниот спектакл, пејачот Даниел Дан ќе има свој настап во уметничката програма- ни изјави Мики Црнокрак, шефот на македонската делегација во Улцињ, Црна Гора


М.Џ.