(ФОТО) Сите ѝ се смеат: Нина Бадриќ си ја уништи линијата

Нина Бадриќ на својот Инстаграм профил објави фотографија како позира пред фризерски салон во цветен комбинезон. Хрватската пејачка која кариерата ја градеше исклучиво со квалитетниот глас и песни и без приватни скандали, овој пат малку „се заигра“ со фотошопот.

Бадриќ, сакајќи најверојатно да ја намали половината, ја искриви вратата од фризерскиот салон, а тоа не го забележа па фотографијата ја објави на Инстаграм. Некои од нејзините обожаватели таа грешка не ја ни забележаа. Други пак дадоа шеговити коментари:

“ Опа, симна десет килограми во фотошоп. Гледај ги кривите линии“, е еден од коментарите.