(ФОТО) Сузана Спасовска ја мажи ќерката, Теона е вистинска убавица

Сузана Спасовска подготвува свадба за нејзината ќерка. Фолк-пејачката вели дека ова е нејзин животен проект, а на Теона ѝ посвети и песна, рефренот „Среќо мајкина“ кој го отпеа на „Лешочки фолк фест“.

Теона, во јануари годинава, му кажа „ДА“ на своето долгогодишно момче Виктор Велковски. Запросувањето се случи симболично на нејзиниот роденден.

Спасовска никогаш не ја експонирала ќерката во медиумите која многу потсетува на нејзината мајка и е вистинска убавица.

- И јас и таа сметаме дека таа има свој свет и свој живот независно од популароста на мајка ѝ. Преубаво пее, но нема воопшто желба да биде на естрадата. Многу е трудољубива, самостојна и интелигентна.Среќна сум што ја сака македонската музика што не е случај со денешната младина. Мојата ќерка е моето сонце, моето сѐ - раскажа Сузана Спасовска во интервју пред неколку години.

Можеби ќе ве интересира:

ЛЕЈДИ ГАГА НА СВОЕТО ВРЕМЕ: Стилските лудории на Сузана Спасовска