(ФОТО) Убава на мама Анастасија: Внуката на Наум Петрески е преслатка

Фолк-пејачката Анастасија Петреска, ќерката на Наум Петрески со сопругот Владимир и со ќерката Андреа е на летен одмор. На својот Инстаграм профил, Анастасија објави фамилијарна фотографија, на која се гледа дека Андреа пораснала во преслатка мала убавица.

Анастасија е најстарата ќерка на Наум, а Андреа е негова прва внука.

Андреа има веќе две годиники, а името е на желба на сопругот на Анастасија, Владимир Поповски, кој е исто така музичар. Тој е пејач во групата „Биоритам“. Анастасија и Владимир беа во врска две години, а се венчаа на почетокот од 2019 година

„ Многу сум радосен, немаше посреќен човек од мене кога Анастасија ми соопшти дека е бремена. Воопшто е важно дали ќе ни се роди внук или внука, но пресреќен сум што таа ќе роди девојче. Нека биде убава на мама и талентирана за музика на мама и на тато“, изјави тогаш за Женски Магазин Наум Петрески.

Поврзани вести:

Повеќе не седам во карантин заради вашата неспособност: Наум Петрески изреволтиран од власта

ФОТО) Зуица и Наум Петрески во домашна атмосфера: Фамилијата е сѐ