(ФОТО) Убавина која не се менува: Лидија Кочовска блеска и со и без шминка
Лидија Кочовска важи за еден од нашите најквалитетни вокали. Таа е вработена во хорот на Македонската опера и балет, а за себе секогаш зборува отворено и со доза на хумор.
„ Линија? Години наназад сум „на полна“, си кркам и уживам. Шегата на страна (да не бидам сфатена дека „од понеделник“), овој пат навистина од овој понеделник почнувам со вежбање. Се надевам дека овој пат баш очигледно ќе вроди со плод“, ни изјави Кочовска пред неколку години, кога ги откри своите ритуали за убавина. Таа тогаш кажа дека кога се шминка, најмногу сака да ги истакне очите.
И години наназад Лидија изгледа одлично, било дали станува збор за природен изглед, или шминка. Тога го покажа и на својата последна фотографија на социјалните мрежи и доби многу комплименти.
*Немам потреба пак да се мажам: Искрено интервју со Лидија Кочовска