(ФОТО) Вистинска убавица: Благица Павловска пред 35 години

Е, бацке. Си била и ќе останеш МИС за сите овие новосоздадени пејачки. Вака еден фан ѝ искоментира на фолк-ѕвездата Благица Павловска под една од фотографиите од младоста која таа неодамна ги сподели на социјалните мрежи.

Пејачката ретко споделува моменти од приватниот живот, иако имаше многу животни премрежја. Во моментов е во хармонична врска со Тале за кој вели дека ѝ е духовен водач.

- Го најдов својот мир покрај човекот на мојот живот. Тале е мојата сродна душа. По последниот бродолом кој ми се случи на приватен план, решив да направам пауза и да се посветам на самата себе, да си ја смирам душата и едноставно да се излечам. И тогаш, најспонтано се заљубив, во човекот кој во моментов седи со мене и ми го храни срцето. Ова не е една од тие љубови кои брзо се палат и гаснат. Во оваа врска имам силна духовна поврзаност, љубов и почит, а тоа е најважно - изјави неодамна Павловска.