(ФОТО) Во Ана се препознавам себе си: Живкица ужива со ќерката

Водителката на емисијата „Тунел“ и мајка на три деца, Живкица Каленикова е среќно мажена за бизнисменот Зоран Калеников, а нејзиното најскапоцено време е она кое го поминува со Даријан, Марко и со Ана.

На Инстаграм, Живкица често објавува фотографии со ќерката Ана, која има четири ипол години. Најстариот син Даријан има седум ипол, а Марко пет ипол.

Тие летово семејно уживаа на грчкиот остров Скијатос.

„ И кај Даријан и Марко и Ана препознавам по нешто свое, по нешто од тато. Но, посебно се радувам на нивните особености, она што ги прави посебни, и тоа секој на свој начин“, изјави таа во интревју за Женски магазин.

„Навистина имаме убава бројка од деца дома. Во улогата на мајка, верувам се снаоѓам како и секоја друга, станувате жена лавица, правите сè што сте мислеле дека нема да можете, наоѓате сила да бидете и лекарка и учителка, и тешителка и другарка. Навистина е многу благородно, а воедно и едно сосема поинакво животно искуство да се биде мајка, родител. Се обидувам да бидам тука за нив, покрај нив, но да бидам тука и за себе и за сопругот“, додаде Живкица.