(ФОТО) Водителката Елена на плажа со ќерката

Добивај вести на Viber

Водителката Елена Стојановска која важи за едно од најубавите наши ТВ лица, ужива во семејниот одмор. Елена објави емотивна фотографија на која е во прегратките на својата седумгодишна ќерка Ина.

Таа на Инстаграм ретко објавува семејни фотографии.  Минатиот месец, таа сподели слика со сопругот Огнен, честитајќу му го роденденот.

„ Сите кои ме познаваат знаат дека со спортот сум на вие. Вежбам кампањски и никогаш не се претворив во некој спортски тип. Најчесто место член јас сум спонзор на теретаната затоа што ќе платам членарина и не одам. Но, сакам да пешачам и мислам дека тоа многу ми помага“, изјави Елена за Женски магазин за тоа како ја негува линијата и младешкиот изглед. 

„Љубов моја најголема. Денес е твој ден. Не можеш ни да замислиш колку многу ме смени, колку сум горда и среќна дека си моја. Мое шеќер бебе, среќен 7. роденден. Секој ден те сакам сѐ повеќе“, напиша Елена минатата година за роденденот на ќерката.