(ГАЛЕРИЈА) Кевин Харт тешко повреден во страшна сообраќајна несреќа

Кевин Харт беше дел од сообраќајна несреќа во Калифорнија, потврди „California Highway Patrol“.

40-годишниот актер и комичар учествувал како патник во неговиот автомобил, со кој управувал Џеред С.Блек.

Според извештајот, автомобилот „1970 Plymouth Barracuda“ се срушил во 12 часот и 45 минути во „West Valley“ кога Блек свртел од „Cold Canyon Road“ на автопатот „Mulholland“.

Тој веднаш изгубил контрола врз автомобилот, па се истранил од патот и се превртел надолу. Исто така се вели дека возачот не бил под дејство на алкохол.

Харт и Блек се однесени до најблиските болници поради претрпени тешки повреди на грбот, додека другата патничка Ребека Брокстермен, фитнес тренер, преживеала само траума од несреќата.

Кевин Харт е познат по тоа што обожава автомобили и затоа редовно објавува на социјалните мрежи за нив. Во Јули, тој на Инстаграм го објави автомобилот со кој ја доживеа ташката сообраќајна несреќа, објаснувајќи дека е подарок за неговиот 40-ти роденден.


Фото: tmz.com