Голема неправда и стрес за Меган: Кралското семејство мора да ја заштити

Добивај вести на Viber

Меган Маркл стана жртва на бројни негативни коментари откако во мај го роди синот Арчи, првото нејзино дете со принцот Хари, вели стручњакот за односи со јавност Том Бурлет.

„Меган е изложена на неправедно потсмевање и на јавен линч. И повеќе од очигледно е дека на социјалните мрежи постои група на корисници кои зборуваат исклучиво против неа, особено на Твитер. Секој нејзин чекор од тоа дека детето не го држи правилно во раце, како се облекува, како чекори е исмејуван јавно. Тоа е голем стрес за неа“ ,изјавил Том. 

Тој додал дека кралското семејство и нејзиниот тим за односи со јавноста треба под итно да се погрижи за тоа и да ја заштитат. Тоа според него многу ќе помогне да се поправи сликата за Меган и нејзиниот имиџ. 

Фот:Еxpress.co.uk