Гордост: Александра Кочоска, првата Македонка добитничка на Еми, блесна на 75. доделување на наградите
Александра Кочоска Дековиќ е првата Македонка која има освоено Еми награда, за специјални ефекти за серијата „Стар трек – Дискавери“. Таа оваа година беше само придужба на нејзиниот сопруг на доделувањето на Еми наградите кој имаше номинација.
Сопругот на Александра, Анте Дековиќ, беше номиниран за Еми награда во категоријата за исклучителни специјални визуелни ефекти во поединечна епизода, за епизодата „Rusalye“ од серијата „Shadow and Bone“, не ја доби славната статуетка.
Парот блесна на црвениот тепих. Александра одбрала мастило долга тоалета со висок шлиц, додека нејзиниот сопруг во класичен смокинг.
Инаку Александра беше три пати номинирана за Еми наградата во 2019, 2021 и 2022. На Александра и се посреќи во 2021 година да стане првата Македонка која добила Еми награда.
Фото: Фејсбук