ГРЦИТЕ ГИ ОТКРИЈА ПРАВИЛАТА: Прв викенд на море, Грција ги отвора плажите

Добивај вести на Viber

Точно 515 плажи во сабота ќе бидат отворени во Грција. Тоа се оние кои се регулирани по сите стандарди, а останатите, т.н. диви плажи ќе бидат забранети за користење.

Грчките власти напоменуваат дека на плажите ќе се евидентира секој посетител како една од мерките за превенција од корона вирусот. Тоа ќе значи дека максималниот број на граѓани ќе биде 40 не 1000 метри квадратни. Што се однесува пак до далечината, чадорите и лежалките ќе бидат поставувани на 4 метри. Ќе се води и строга контрола на хигиента, односно секоја лежалка ќе биде темело дезинфицирана по користењето на секој посетител. 

Грчкиот министер за туризам Харис Теохарис ги откри здравствените протоколи за хотели и аеродромски летови од странство, кои наскоро ќе се рестартираат. Бидејќи Грција се промовира и сугерира како една од најпогодните дестинации за годинешното лето, здравствените протоколи што ги следи земјата беа предмет на голем интерес. 

Како што објави порталот Грикдом, според најавите на министерот, ќе има неколку  потенцијалните регулативи а истите може да ги прочитате на Фактор.мк