ХРОНИЧНИТЕ БОЛНИ НА СИЛЕН УДАР ОД ВРЕМЕНСКИТЕ ПРОМЕНИ: Интернистката Виолета Христов открива како да си ја олеснат состојбата
Наутро сонце, попладне дожд. Еден ден едвај се дише, следниот веќе темературата опаднала за 10-тина степени. Голем број научни студии укажуваат на фактот дека временските услови можат да влијаат на влошување на некои медицински состојби.
Ваквите промени особено тешко ги поднесуваат луѓето кои страдаат од некои хронични заболувања. Посебно се чувствителни оние кои имаат ревматски заболувања, астма, ХОББ, исхемични промени и срцева слабости проблеми и висок крвен притисок.
Во разговор за Фактор, д-р Виолета Христов, специјалист интернист посочува дека при вакви нагли временски промени, особено кога влажноста е огромна, најважното нешто за астматичарите и за луѓето кои имаат висок крвен притисок е да не праватн никакви физички напори, особено не во затворени простории, каде влажноста е уште поголема.