Хроно режимот на исхрана и бременоста
Д-р Ален Делабос е доктор по медицина, хроно нутриционист, директор на Одделот за клинички истражувања IREN'S, на Европскиот институт за исхрана и здравствени истражувања, и врвен експерт кој го разви Хроно - методот на исхрана. Оваа диета била измислена уште во 1986-та година, а неодамна стана многу популарна.
Хроно режимот на исхрана диета апсолутно може да се носи со бременоста. Бидејќи нема пост и жртвување на поголемиот дел од храната, имате три избалансирани оброци и ужинка - нема страв дека овој тип на исхрана може да ви наштети на вас или на фетусот.
Ве молиме имајте во предвид, во случај на Хроно исхрана може да се јаде речиси сè - само во одреден дел од денот. Вашето тело не останува лишено од есенцијални хранливи материи. Со овој тип на исхрана тие попрецизно и ефикасно се прифаќаат, и тоа е поентата на оваа диета.
Се разбира, ако сте бремена, советуваме да се консултирате со вашиот доктор за сè, вклучувајќи го и спроведувањето на Хроно режимот на исхрана за време на бременоста. Неопходно е да се грижите за здравјето, особено во овој период; па според вашата медицинска состојба, докторот ќе процени дали треба да го зголемите внесот на храна за време на оваа диета; или дали морате да намалите некои намирници од храната.
Деновиве дознавме каков треба да биде појадокот, каков ручекот и вечерата во Хроно-режимот на исхрана, како и кои се 20-те наједноставни правила за слабеење со Хроно- режимот, и најголемата заблуда за истата.
Веќе утре продолжуваме со нови откритија од Хроно исхраната. Следете не и споделете го Вашето искуство.