„И по 30 години, вистината сè уште не е откриена“: Песната што ја пее Пријовиќ на секој концерт крие морничава приказна

Добивај вести на Viber

Александра Пријовиќ на секој настап и концерт ја изведува песната „Сочувај ја тајната љубов моја“("Sačuvaj tajnu ljubavi moja"), која ја знаат и помладите генерации.

Песната ја отпеал Душан Костиќ, кој се самоуби на 13 мај 1996 година. Трагедијата се случила на Панчевачки мост од кој наводно скокнал околу 18 часот и 50 минути, се наведува во краткиот полициски извештај. Наведено е и дека Душан „забележан е како ја прескокнува оградата на Панчевачки мост, меѓу столбовите 39. и 41, од каде повеќе не се појави жив“.

Телото на Душан никогаш не било пронајдено, а на местото на настанот била пронајдена неговата чанта со лични документи.

Неколку дена по самоубиството, на адресата на сопругата на Душан, Невенка, како и на адресата на родителите на Душан пристигнало кратко писмо.

- Многу те сакам, прости ми - пишувало, а на пликот немало ниту потпис ниту печат.

Неговата сопруга Невенка изјави дека таа и нивните семејства не разбираат многу работи.

- Во целиот случај има многу нелогичности. Единствениот сведок на наводното самоубиство, не е сигурен дека тој што скока е Душко. Тој изјавил дека видел само човек како скока. А тој дел е обвиен со многу тајни. Торбата и документите биле целосно суви, а неговото тело никогаш не било пронајдено - изјавила тогаш Невенка, пренесуваат медиумите.

Теории за смртта на Душан

Наводно единствен очевидец на скокот од мостот бил вработениот во ЖТП Саша Вељковиќ, кој на полиција изјавил дека не е сигурен дека човекот кој се самоуби тој ден е всушност пејач.

Телото на Душан никогаш не беше пронајдено и тоа беше доволна причина за приказните во градот.

Според една верзија, тој бил убиен, а самоубиството било исценирано за да се прикрие злосторството.

Имаше и такви кои веруваа дека пејачот бил во депресија кога се самоубил бидејќи наводно не можел да си ја врати старата слава.

Третата верзија е секако најчудна - дека Душан сам си го исценирал своето самоубиство, по што побегнал во странство поради огромни долгови.

Најдобрата пријателка и колешка на Душко, познатата пејачка Гордана Стојиќевиќ во својата изјава на темата за смртта на пејачот беше категорична според нејзиното мислење дека „тој никогаш не би направил такво нешто“.

- Од мене не ги криеше ниту најинтимните работи. Бевме како биолошки брат и сестра, иако многумина кои не познаваа беа убедени дека сме дури и љубовници. И денес, после толку години, не можам да се помирам со фактот дека Душко го нема. Верувам во себе дека повторно ќе се сретнеме, ќе разговараме, дека повторно ќе го слушнам неговиот топол глас – изјави тогаш Гордана.

Фото:Screenshot/Instagram-aleksandaprijovic