И жените стануваат гемјерки: Истражување покажа дека 41% од дамите сакаат видео игри

Британски „Мирор“ објави истражување кое покажува дека 41% од дамите сакаат видео игри. Според ова студија просечен човек кој игра игри, најчестo е маж над 30 години, татко на три деца. Но, според податоците на истражувањето и жените сакаат да играат видео игри, и тие стануваат „гејмерки“.

Понежниот пол, преферира видео игрите да ги игра на својот паметен телефон. Додека, гејмерите тоа најчесто го прават на компјутер или на Плејстејшн.

Во истражувањето учествувале 2.000 луѓе.

Мажите сакаат спортски или игри во кои има оружје, додека дамите претпочитаат стратегија, сложувалки, загатки и најчесто најпознатите т.е најиграните игри за памети телефони. 


И жените стануваат гемјерки: Истражување покажа дека 41%  од дамите сакаат видео игри