Иако важи за една од најубавите жени во светот, Меган Фокс призна: „Страдам од телесна дисморфија“ (Фото)
Актерката Меган Фокс со години се обидува да го засака своето тело, а овој процес го отежнува фактот бидејќи и е дијагностицирано ментално нарушување. Таа всушност се бори со болест, која е наречена „Телесна дисморфија“, а луѓето кои страдаат од оваа состојба опсесивно се преокупирани со мислите дека со нивниот изглед нешто не е во ред и најчесто постојано се обидуваат да го прикријат или да го поправат тој недостаток што сметаат дека го имаат.
-Имам телесна дисморфија. Никогаш не се гледам себеси онака како што ме гледаат другите, изјави 36-годишната ѕвезда во интервју за „Sports Illustrated“.
Таа вели дека ги доживува некои делови од своето тело како грди, деформирани и непривлечни.
Затоа Меган не е задоволна од тоа како изгледаат нејзините нови фотографии во костим за капење, направени за изданието на споменатото списание.
„Никогаш немаше момент во мојот живот кога го сакав моето
тело“, искрено призна Фокс.
Фото:MeganFoxlover/Facebook