Игнорирањето е мајка на сите одмазди: Вака интелигентните луѓе ги надмудруваат злонамерните манипулатори
„Ако луѓето се
обидат да те уништат, тоа само значи дека си подобар од нив“, вели старата
поговорка.
Во денешниот свет, кога сите се во трка по успех, слава и моќ, моралот и правдата полека исчезнуваат, фер-плејот станува мисловна именка, а газењето на сите за да се стигне до целта, потреба. Суетата е дел од сечиј работен ден, зависта и љубомората се испишани на челата на многумина. Неправдата поминува неказнето, а тие некорумпирани и добри луѓе не знаат што да прават.
Кога во таа игра со својата работа, труд и чесност ќе ги престигнете оние кои се амбициозни и главно самоуверени без покритие, тие ќе почувствуваат желба за одмазда. Ќе почнат да сплеткарат и ќе се обидат да ве симнат на нивно ниво со озборувања, невистини, двосмислени изјави...
Ако ова ви се случи, или пак ви се случува, треба да знаете само едно - игнорирањето е мајка на сите одмазди.
„Кога е игнориран, човекот се прашува зошто. Дури и да предизвика ваква реакција со очигледни лоши намери, тоа нема да му даде мир“, вели психологот Елизабет Мајер.
Ќе се чудат што мислите, кој ќе биде вашиот следен чекор, зошто сте го направиле ова или она, дали сте ги „откриле“... Поради сето ова, на крајот целосно ќе се изгубат.
„Одмаздата никогаш не е вистинскиот пат. Тоа е како шума - лесно е да го изгубиш патот, да се изгубиш и да заборавиш од каде си почнал“
Една стара поговорка вели: „Сè што е потребно за да се победи злото е добриот човек да не прави ништо“. Тоа се однесува на отсуство на реакција кога ви се нанесува зло. Кога воопшто не реагираш на него, туку се правиш дека не се случило ништо лошо или дека овие луѓе не постојат.
Сфаќаат дека сè што направиле е залудно, а работите да бидат уште полоши, не знаат што знаете и што мислите, а тоа ги излудува, им го збунува разумот и ги спречува да успеат во својата подла намера. И затоа пак ќе кажеме - игнорирањето е мајка на сите одмазди.
Интелигентните луѓе ја користат одмаздата како оружје за нивниот просперитет, но таа нема никаква врска со туѓите животи и интриги. Тие се осветуваат на следниов начин:
1. Зборуваат преку своите постапки. Не дозволуват емоциите да владеат со нивните постапки и одмаздата да ја направат лична работа. Затоа подоцна не се чувствуваат лошо, а се поштедуваат од непотребни озборувања и разговори за оние кои тоа не го заслужжиле.
2. Не молчат само за да ги смират страстите. Тие не реагираат на изопачените работи и шеги бидејќи мирот и хармонијата им се побитни. Мудрите луѓе користат двосмислени изјави за да стават до знаење дека се свесни каква е таа личност која сака да им наштети, за да им докажат дека не се слепи и дека нема да можат повторно да го направат тоа без последици.
3. Не се изолираат, напротив. Кога се нападнати, особено од некој нивен близок, повеќето луѓе имаат тенденција да се повлечат и да се изолираат. Тоа е она што го сакаат злобниците е да се изолирате и да се повлечете како да е ваша вината, а попатно да им олесните патот до целта да ве уништат.
4. Не напаѓаат веднаш. За да не бидете етикетирани со изреката „Нападот е најдобра одбрана“, оставете ги работите да мируваат некое време. На крајот на краиштата, кога ќе се нервирате и ќе возвратите со бес, ги откривате вашите слабости и на тој начин го храните оној, чија цел била токму тоа.
5. Стануваат поуспешни. Ништо нема да му наштети на злобниот човек повеќе од туѓата среќа. Ова е уште една причина зошто интелигентните луѓе стануваат уште поуспешни кога некој ќе се обиде да ги урне.
Најлошото нешто што можете да направите е да возвратите. Во тој случај, вие не сте подобар од оној што ти прави зло, и како што рекол еден игумен на Острог, злото не може да се спречи со зло.
Затоа немојте да се валкате во туѓа кал и работете само според вашата совест!
Фото: Freepik