Илон Маск е виновникот за најскапиот развод во историјата?! Најбогатиот човек на светот наводно имал афера со позната убавица

Новата епизода од сапунската серија во која се претвори животот на Илон Маск ни ја носи приказната за прељубата

Нема мир и досада во животот на Илон Маск!

Јужноафриканскиот бизнисмен Илон Маск неодамна ги налути сите со тоа што се повлече од купувањето на Твитер, а неговиот син Ксавиер, кој во иднина реши да се претставува како Вивијан, јавно се одрече од него-од сопствениот татко, најверојатно поради трансфобичните коментари на Маск. Додека Илон е во врска со актерката Наташа Басет, а неодамна беше откриено дека добил близнаци со една од неговите вработени (некаде околу времето кога тој го доби своето второ дете со пејачката Грајмс!), неговиот татко Ерол неодамна доби второ дете со неговата посвоена ќерка.

Според „Волстрит журнал“, сопственикот на компаниите „Тесла“ и „Спејс Екс“, Илон Маск повторно доживува турбуленции во приватниот живот, а причината е неговата тајна врска со Никол Шанан, сопругата на Сергеј Брин, ко-основачот на Google, седмиот најбогат човек на светот и негов близок пријател! 

Наводно поради оваа афера се распаднало пријателството меѓу Брин и Маск, а јужноафриканскиот милијардер решил да проговори на оваа тема. Како што истакна на Твитер, овој трач е „тотално срање“.

Тој истакна дека тој и Брин се‘ уште се блиски пријатели и дека претходната вечер биле на забава заедно, а Никол едвај ја познава.

„Ја видов Никол двапати во три години и двата пати имаше многу луѓе околу нас. Ништо романтично не се случи“, напиша Маск.

„Волстрит журнал“ тврди дека тој и Никол Шанан биле заедно минатата година и дека врската била кратка, истакнувајќи дека тоа е причината за разводот на Сергеј Брин и убавицата. Сето тоа, наводно, се случило на саемот за уметност Арт Базел во Мајами, по раскинувањето на Маск со Грајмс, веднаш по раѓањето на нивното прво заедничко дете.

„Волстрит журнал“ објави толку многу измислени приказни за мене и „Тесла“ што веќе не се бројат“, вели Маск.


Фото: Youtube -  screenshoot

Можеби ќе ве интересира: 

Мајката на најбогатиот човек на светот се соблече по костим за капење: На 74 години Маје Маск на насловна страна (ФОТО)