Има посебно знаење: Што се крие зад фустанот кој Меган го носеше кога соопшти дека пак е бремена

Веста дека Меган Маркл и принцот Хари го очекуваат своето второ дете на Денот на вљубените го обиколи светот. Парот ја објави бременоста со црно-бела фотографија направена од нивниот пријател, фотографот Мисан Хариман, и како што се претпоставува дека е направена во градината на нивниот дом. Идиличната сцена ја комплетираше породилниот фустан што Меган го носи на фотографијата.

-Можеме да потврдиме дека Арчи ќе стане постар брат. Војводата и војвотката од Сасекс се пресреќни со доаѓањето на нивното второ дете, изјави портпаролот на парот. Веста за ново бебе во семејството ги воодушеви и кралицата и остатокот од кралското семејство.


А од особено значење е фустанот во кој Меган Маркл откри дека е бремена. На фотографијата таа е облечена во макси фустан во крем боја, дизајниран од Каролина Ерера, а сега е познато дека фустанот е зашиен за Меган додека беше бремена со Арчи, која во мај ќе наполни две години. Облечена во фустан за фотосесија по повод нејзината втора бременост, војвотката го направи и своето прво дете дел од тој посебен момент.

Датумот на кој ја објавија веста за бременоста е многу посебен, но не затоа што беше Денот на вљубените, туку затоа што принцезата Дајана на 13 февруари 1983 година објави дека очекува уште едно дете, принцот Хари, што значи следниот ден, 14 во февруари тие вести беа на насловните страници на сите весници.

А од особено значење е фустанот во кој Меган Маркл откри дека е бремена. На фотографијата таа е облечена во макси фустан во крем боја, дизајниран од Каролина Ерера, а сега е познато дека фустанот е сошиен специјално за Меган додека беше бремена со Арчи, која во мај ќе наполни две години. Облечена во фустан за фотосесија по повод нејзината втора бременост, војвотката го направи и своето прво дете дел од тој посебен момент.


Фото/Извор: Getty Images/https://zadovoljna.dnevnik.hr/

Прочитајте и:

Кралицата лута: Хари и Меган наскоро ќе ги откријат сите детали од животот