Имам љубов, немам избор: Миа Костова најискрена до сега
На својот Инстаграм и Фејсбук профил, водителката Миа Костова често пишува мотивирачки мисли. Под секоја фотографија од неа, таа со своите следбеници искрено ги споделува чувствата. Во една од нејзините неодамнешни објави, Миа откри дека верува во кармата.
„ Деновиве баш размислувам за карма. Понекогаш и сама сум си викала ‘ок, заслужено’. Ретко сум ја пуштала сама да го изработи своето, заради тоа што е добро познато дека немам трпение и брзо заборавам. Освен еднаш. Еднаш немав избор, а и не мислев дека ќе ѝ текне на тоа колку ми било некогаш тешко. Па така, пред да продавате некому морал, памет, школо и правила, не заборавајте дека некогаш во животот доаѓа денот кога ќе треба пред себе да си признаете дека ‘ете, се случува’ Моралот во вода, школото не ви менува многу, памет очигледно немате и сѐ што правите е против правила. И сега, како си? Можеби требаше да ти текне да поодиш во моите штикли тогаш, ама ни сега не е доцна“, напиша Миа.