Исповед на жена која го „фати на дело“ сопругот во мотел: „Мислев дека ме изневерува со сопругата на најдобриот пријател, но кога ја отворив вратата... “ (ВИДЕО)

Ништо не е како што изгледа, дури и кога верувате дека сте во право. Во видеото кое стана вирално, една жена опишала како дознала за изневерувањето на нејзиниот сопруг. Во сета таа мешаница за една работа била во право - тој ја изневерувал, но не со сопругата на неговиот најдобар пријател.

Ова е нејзината приказна:

-Мојот сопруг оди на лов со својот најдобар пријател секој викенд, но секогаш се враќа дома со празни раце, ја започнала приказната оваа жена.

Таа се сомневала дека нешто се случува, но не била сигурна што точно. За да се увери дека е на вистинскиот пат, прво ги сокрила предметите  што ги носи нејзиниот сопруг кога оди на лов. Мислела дека ќе ги побара, но кога се вратил од „лов“ не ги ни спомнал.

-Сега веќе бев сигурна дека нешто се случува. Решив следниот пат кога ќе оди на лов, да ги оставам децата и да го следам да видам што ќе се случи, вели таа.

Имено, таа во неговиот автомобил поставила уред за следење „airtag“ за да може на нејзиниот телефон да види каде е возилото. Како што се испоставило, нејзиниот сопруг бил на сосема друга локација, иако рекол дека оди во спротивна насока.

-Дознав дека местото каде што отишол е мотел. Пред да „откачам“ или да направам нешто за што подоцна ќе се каам, решив мирно да продолжам да го следам. Стигнав до мотелот и првото нешто што го видов беше автомобилот на сопругата на неговиот најдобар другар. Помислив на најлошо затоа што таа е многу убава. Во тој момент некој ми стави рака на рамо, се свртев и таа стоешепозади мене. Во тој момент помислив - каква дрскост, спие со маж ми уште доаѓа позади мене. Јас вербално ја нападнав - зошто си со маж ми во мотел? По расправија ми кажа дека му ја дала колата на сопругот затоа што неговиот бил расипан и дека никогаш не би отишла никаде без него. Тогаш сфатив дека ниту еден од нас не знае што се случува, додава таа.

По кратко размислување, решиле да отидат до рецепција за да проверат дали нивните сопрузи се воопшто во мотелот.

-Рецепционерот одби да ни каже каде се и таа му даде 100 долари па тој прифати и ни откри, рече оваа жена.

Тие не сакаа да тропнат на вратата бидејќи беа сигурни дека што и да се случува, сопрузите ќе се обидат да го скријат или поправат тоа. Нивниот план бил да ги добијат клучевите од собата и да влезат ненајавено.

-Рецепционерот не сакаше повторно да соработуваме, го украдовме клучот, се качивме и ја отворивме вратата. Не можев да верувам што гледам од шокот. Не сакам да ве трауматизирам со деталите, но замислете мажите, сите од нашето соседство, сите голи, сите прават работи што не сакам да ги изустам. Кога не видоа се збунија. Мојот, сега поранешен сопруг беше најголемиот хомофоб што сум го познавала, затоа и јас бев толку шокирана. Ги уценувавме дека мораме да добиеме се што сакаме после разводот ако не сакаат сите да дознаат што прават. Како и да е, го добивме она што го баравме, ја заврши приказната оваа несреќна жена.

Фото:screenshot