Изгледа како модел: Која е најмладата премиерка во светот?

Финските социјалдемократи кои ја предводат коалициската влада составена од пет партии, ја избраа министерката за сообраќај, Сана Марин, за нова премиерка на оваа нордиска земја. Функцијата ќе ја превземе следната недела од Анти Рине кој поднесе оставка поради штрајкот на поштенските работници.

Марин е трета жена на чело на финската влада. Има само 34 години и ќе биде најмладата премиерка во светот. Таа е една година помлада од лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун.

Сана е мајка на едногодишно девојче, а нејзиното име е Ема Амалиа Марин, пренесуваат светските агенции.

Освен што е избрана за најмлада премиерка во историјата на нејзината земја, Марин е топ-тема во медиумите и поради нејзиниот изглед. Многумина коментираат дека изгледа како модел.