Изгледа како тинејџерка иако е во петтата деценија: Тајната на нејзиниот изглед

Дизајнерката на ентериер од Тајван, Луре Хсу има 41 година, а на своите фотографии на Инстаграм изгледа како тинејџерка. Јасно ни е дека генетиката игра најголема улога во тоа колку неверојатно младо изгледа оваа жена, но сепак сакаме да знаеме како ја негува својата кожа.

За почеток, заштитниот фактор игра голема улога. Но и кафето.

- Најважно е да се хидратира кожата и да не се претерува со изложување на сонце. Верувам дека заштитата е многу важна бидејќи исончаната кожа е многу сува, и на неа се појавуваат темни дамки и ситни брчки- вели Хсу.

Сепак се чини дека и нејзината исхрана игра голема улога во тоа колку добро изгледа. Покрај тоа што пие кафе, пие многу вода, јаде многу овошје и зеленчук, а избегнува ладни пијалоци и мрсна храна. Фокусирана е на здрава храна богата со растителни влакна и протеини, како и на вежбање.

Не дознавме ништо револуционерно, но иако Хсу има добра генетика, нејзиниот разумен пристам во негата на лицето- заштитата од сонце и здравиот начин на живот се само плус. А и уживањето во кафето, што особено ни се допаѓа.